Денеска стартува пролетниот дел од тековната 2025/26 сезона. Нема дилеми дека Вардар, нашиот најтрофеен клуб кој и тоа како се врати на сцена по долги години таворење, па и престој во Втора лига, е најголемиот фаворит за титулата. И не само поради тоа што има бодовна предност пред Струга ТЛ и Шкендија, туку и поради фактот дека има навистина добар тим, има одличен стратег во името на Гоце Седлоски кој си ја знае својата работа, а и осетно се засили во зимскиот преоден рок.
Вардар атакува на својата 12-та шампионска титула во самостојна Македонија или вкупно 13-та, ако ја сметаме онаа од осумдесетите години од минатиот век освоена во екс – СФРЈ.
Шкендија оди по својата шеста титула а Струга ТЛ по својата трета, и тоа трета во последните четири години.
Од сите досегашни шампиони ги нема Победа која е во агонија и Ренова која веќе не постои.
Работнички, Шкупи, Македонија ЃП се далеку од некогашната слава и веројатно сите три екипи во следната година ќе играат во ВМФЛ. Силекс е при врвот, но едноставно нема сила, ресурси да се носи со водечките три екипи.
Во секој случај ќе биде супер интересно посебно ако се знае дека Вардар пролетниот дел го стартува со 42 бода пред Стргуга ТЛ со 41 и Шкендија со 36.
СИТЕ ДОСЕГАШНИ ШАМПИОНИ
ВАРДАР – 11 (1992–93, 1993–94, 1994–95, 2001–02, 2002–03, 2011–12, 2012–13, 2014–15, 2015–16, 2016–17, 2019–20)
ШКЕНДИЈА – 5 (2010–11, 2017–18, 2018–19, 2020–21, 2024–25)
РАБОТНИЧКИ – 4 (2004–05, 2005–06, 2007–08, 2013–14)
СЛОГА Ј/ШКУПИ – 4 (1998–99, 1999–2000, 2000–01, 2021–22 )
СИЛЕКС – 3 (1995–96, 1996–97, 1997–98)
СТРУГА ТЛ – 2 (2022–23, 2023–24)
МАКЕДОНИЈА ЃП – 1 (2008–09)
РЕНОВА – 1 (2009–10)















