ПМФЛ: Тројна битка за титулата, а осум екипи се во „игра“ за бараж или директно испаѓање!

192
ФОТО: FFM.MK

Ако се знае дека оваа пролетна полусезона, која стартува денеска со супер – дербито меѓу Шкендија и Струга ТЛ и со дуелот во Кавадарци меѓу домаќинот Шкупи и Тиквеш, битката за титулата ќе се води меѓу Вардар, Струга ТЛ и Шкендија, тогаш освен Силекс сите остани се во “игра“ за бараж или директно испаѓање. Да се потсетиме, осмиот и деветиот играат бараж со две еккипи од ВМФЛ, а дури три оние од 10. до 12.место директно ќе испаднат.

Во најлоша ситуација е Работнички, кој има само 7 бода. За Шкупи не говориме ништо зошто веќе е испаднат со тој досега освоен еден бод, а и клубот е во агонија.

Македонија ЃП е десетта со 15 бода. Според сите мерила тешко дека ќе се спаси, “лавовите“ треба да слават ако изборат бараж.

Пелистер е деветти со 16 бодови, а Тиквеш осми со 18 бодови. Овие се тие клубови кои ги заземаат засега местата за испаѓање и бараж.

Сепак не се сигурни и Брера 19 бодови, Башкими и Арсими по 22 бода.

Во секој случај ако битката за титулата биде супер интересна, како ли ќе биде битката за избегнување на најлошото.

Останува да се види.

ТАБЕЛА

Вардар 42, Струга ТЛ 41, Шкендија 36, Силекс 31, Арсими 22, Башкими 22, Брера 19, Тиквеш 18, Пелистер 16, Македонија ЃП 15, Работнички 7, Шкупи 1.

ПретходноВо Битола се враќа Лигата на шампиони: Во продажба билетите за дуелот со Висла
СледноСтавре Јада настапи на ЗОИ, квалификациите ги заврши на 89. место