Поглед од „кај гулабите“ на Суперболот од 3.000 евра

37
Фото: Принтскрин/Yahoo Sports Video

Сиетл Сихокс го освоија шампионатот во НФЛ откако ги победија Њу Ингланд Патриотс со 29-13 во Супербоулот во Санта Клара. Натпреварот се одигра во понеделник вечерта пред околу 70.800 гледачи, кои мораа да платат многу пари за билети.

Стандардните цени на билетите се движеа од 3.600 долари (околу 3.000 евра) за оддалечени седишта, близу до врвот на трибините до повеќе од 30.000 долари (околу 25.000 евра) за премиум и ВИП позиции. Некои платија десетици илјади долари повеќе, дури и над 100.000 долари, за луксузни искуства, но ваквите билети не се сметаат за стандардни. Просечната цена на билетите, според ESPN, била 7.500 долари (околу 6.300 евра).

Yahoo Sports објави видео од трибините, кое чинеше 3.400 долари. Во описот беше наведено дека е потребен двоглед за да се види теренот, што може да се види во видеото.

ПретходноПолувреме: Шкендија – Струга ТЛ 0:0, Тиквеш убедлив а Садик е стрелец на првиот гол во пролетната полусезона
СледноЈамал: “Да не сум славен еден ден, веднаш би го направил ова….!“