Се огласи кошаркарот кој прв ја започна тепачката

451

За мечот меѓу Детроит и Шарлот за жал нема да биде запаметен по крајниот резултат, туку по хаосот на теренот, кој траеше цели 30 секунди, а на момент мораше да реагира и полицијата.

Муса Дијабате направи фаул над Џејлен Дурен, а тој му врати и тука почна физичката пресметка во која се вмешаа подоцна Бриџис и Стјуарт, сите четворица беа исклучени.

После мечот се огласи Дурен, кој исто жали што мечот ќе биде запаматен по тепачката, а не спортскиот дел.

„Ова беше премногу натпреварувачки натпревар. Емоциите беа вжештени. На крајот од денот, би сакале да се зборува само за кошарката, но вакви работи се случуваат. Суштината е дека сите игравме цврсто. Сепак, морам да истакнам дека во текот на целата сезона противниците се обидуваат да ни влезат во глава.

Ова не е првпат ривалите да бидат премногу агресивни кон нас и вербално да нè напаѓаат. Без разлика на тоа, како група завршивме добра работа во справувањето со таа енергија и интензитет. Вакви работи се случуваат кога емоциите ќе зовријат, бидејќи сите сме натпреварувачи.“

 

ПретходноСтавре Јада настапи на ЗОИ, квалификациите ги заврши на 89. место
СледноПоддршката носи успех: Милијана Релиќ со нов бронзен медал