Листа на стрелци: Ги нема Мато и Шефити, но тука се Компаоре, Мирчевски, Омерагиќ, Ндзенгуе…

106
ФОТО: FC Struga/FB

Фудбалот се игра за голови. Ако нема голови, нема победи. Може да играш како сакаш, можеш да имаш посед од 99 насто, но ако не знаеш да дадеш гол, се ти е бадијала. Во фудбалот само головите се бројат.

А кога сме кај головите во пресрет на денешниот старт на пролетниот дел да видиме како изгледа листата на стрелците во ПМФЛ.

На прво место се Басиру Компаоре (Струга ТЛ) и Роџерс Мато (Вардар) со по 12 голови, но Мато веќе не е во ПМФЛ, не е во Вардар, направи трансфер во шкотски Хартс, па ќе остане на овие 12 голови.

Па затоа напаѓачот на стружани е прв фаворит за освојкување на “Златната копачка“ ако се знае дека и Шефит Шефити од Арсими, кој е трет со 11 голови, си замина и тоа во Хата (ОАЕ).

Сепак нема да му биде лесно на Компаоре да дојде до титулата – најдобар стрелец оваа сезона.

Тука се Мартин Мирчевски (Силекс) со 9 голови, Христијан Малески (Струга ТЛ) со 8, а толку имаат и Фахд Ндзенгуе кој направи трансфер од Брера во Шкендија како и Азер Омерагиќ (Вардар).

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

12 – Басиру Компаоре (Струга ТЛ), Мато Роџерс (Вардар)

11 – Шефит Шефити (Арсими)

9 – Мартин Мирчевски (Силекс)

8 – Христијан Малески (Струга ТЛ), Фахд Ндзенгуе (Шкендија), Азер Омерагиќ (Вардар)

6 – Емануел Авирнио (Башкими), Фабрис Тамба (Шкендија), Мигуел Пиреш (Силекс), Иван Ивановски (Тиквеш), Буњамин Шабани (Струга ТЛ), Албан Таипи (Арсими),

5 – Филип Алексовски (Башкими), Лука Булатовиќ (Пелистер), Марјан Радески (Струга ТЛ)….

*Играчите кои се болдирани не се веќе во ПМФЛ

ПретходноЗгасна најфудбалскиот град – Победа се откажа од Втората лига!
СледноСрбите сонуваат за „чудото Вардар“, Раул Гозналес на клупата на Партизан