Беќири: Најважни се трите бода

66

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, беше задоволен од исходот на натпреварот против Струга на стартот на вториот дел од сезоната. Тетовци славеа дома со 2:0.

„Беше многу важно што почнавме со три бода. Нормално, по подготвителната фаза и тука со аклиматизацијата не е секогаш лесно, но генерално сум задоволен од тимот, но не и од играта во некои ситуации. Сепак, во овие први натпревари е многу важно да се освојат три бода. Нормално, Шкендија има многу квалитетни фудбалери и никогаш не мислам дека некој од овие фудбалери е резервен. Сите се стандардни фудбалери и имаме многу голема ротација, што се гледа од натпревар до натпревар. Мислам дека бевме доминантни и создадовме повеќе шанси од Струга, за волја на вистината и среќен сум што некои од тие шанси што ги создадовме ги реализиравме и заслужено ги освоивме трите бода.“

ПретходноГРК Охрид во Куманово се загреваше за Дукла
СледноЗОИ 26: Словенија „златна“ во екипните мешани ски-скокови