Згасна најфудбалскиот град – Победа се откажа од Втората лига!

719

Она што СпортСпорт го најави пред неколку дена, денеска за жал доби на потврда. Згасна најфудбалскиот град – Победа се откажа од Втората лига поради немање на финансиски средства да опстојува на сцена.

Сметката на клубот е блокирана, а од ФК Победа излегоа со соопштение.

Почитувани,

Друштво за спортски активности ФУДБАЛСКИ КЛУБ “ПОБЕДА” АД – Прилеп со седиште во Прилеп на ул. „Александар Македонски“ бб со ЕМБС 6588689, ја известуваме фудбалската и спортската јавност:

Да ја појасниме моменталната ситуација во нашиот клуб, во месец април 2025 година дојде до промената на мнозинскиот акционер на нашиот клуб, новиот мнозински акционер, е со став дека не сака да го води клубот, па така на единственото легитимно и легално акционерско собрание не постави лица кои би раководеле со клубот и не назначи извршен директор.

 Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, во месец август се бараше заедничко решение со Градоначалникот и Општина Прилеп, па поради краткиот времески период за делување, се донесе привремено решение и се постави одговорно лице со цел клубот да продолжи да функционира до изнајдувањето на долгорочно решение. На советот на  општина Прилеп беше изгласана одлука за доделување на еднократна финансиска помош во висина од 1.000.000,00 денари, која не беше исплатена поради распишувањето на локалните избори, истата до денес не е исплатена, што воедно беше и услов за клубот да се натпреварува во сезона 2025/2026 во ВМФЛ.

Во овој момент клубот е со блокирана сметка и во крајно очајна финансиска ситуација, поради што, ја известуваме јавноста дека, сениорската екипа на Ф.К. ПОБЕДА Прилеп не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората Македонска Фудбалска Лига.

Со почит, 

ПретходноПоддршката носи успех: Милијана Релиќ со нов бронзен медал
СледноЛиста на стрелци: Ги нема Мато и Шефити, но тука се Компаоре, Мирчевски, Омерагиќ, Ндзенгуе…