Женската тимска скијачка комбинација на Зимските олимписки игри во Кортина д’Ампецо донесе едно од најголемите изненадувања на Игрите досега. Австријките Катарина Хубер и Аријана Редлер, кои пред натпреварот речиси и да не беа фаворити, го освоија олимпиското злато, додека најголемите ѕвезди останаа со празни раце. Австрискиот дуо славеше со вкупно време од 2:21,66, по многу зрел и тактички совршен настап. Редлер беше втора во спуст, додека Хубер постави десетто време во слалом, што на крајот се покажа како доволно за најголем можен успех. Ова е втор златен олимписки медал за Катарина Хубер, по оној освоен во Пекинг во 2022 година.
Германките Ема Ајхер и Кира Вајдле-Винкелман го освоија среброто со време од 2:21,71. Ајхер се истакна во слалом и беше најбрза (44,38), додека Вајдле-Винкелман го освоија шестото место во спуст.
Бронзата им припадна на Американките Жаклин Вајлс и Паула Молцан (2:21,91), кои беа 25 стотинки зад победничките.
Најголемиот шок ги погоди првите фаворити за златото. Бризи Џонсон, актуелната олимписка шампионка во спуст, и Микаела Шифрин, најдобрата скијачка во историјата и лидерка во Светскиот куп, завршија само на четвртото место.
Американскиот пар се сметаше за главни фаворити пред трката, особено откако Џонсон беше најбрз во спустот. Сепак, комбинацијата од возења не им донесе медал, што предизвика неверица во американскиот табор.










