ЗОИ 26: Словенија „златна“ во екипните мешани ски-скокови

75
фото: Printscreen

Словенија го одбрани златниот олимписки медал во ски-скокови мешано екипно, откако денеска на малата скокалница во Предацо издоминира во секоја смисла. Ника Водан, Анже Ланишек, Ника Превц и Домен Превц беа на своето стандардно шампионско ниво и сосема заслужено дојдоа до тронот.

Сребрениот медал го освои Норвешка, која се сметаше за прв фаворит, со 31 поен разлика, додека бронзениот медал го освои Јапонија.

ПретходноБеќири: Најважни се трите бода
СледноМакедонија со пресврт до триумф против Австрија