Ндзенгуе од авион на стадион и одма даде гол за Шкендија!

283
ФОТО:facebook.com/fcshkendija

Големо засилување за Шкендија ќе биде габонецот, Фахд Ндзенгуе кој денеска во своето официјално деби во дресот на Шкендија се запиша и во листата на стрелците. Голгетерот од Африка со денови беше во Истанбул околу добивање виза за влез во земјава. Тој вчера ги добил потребните документи за да во утринските часови пристигне во Тетово. Ндзенгуе буквално од авион пристигна на дербито со Струга. Чекаше шанса од клупата а во 88 минута ја тресеше мрежата за конечните 2:0. Тој зимава од Брера притигна во Тетово како фудбалер кој треба да ги реши проблемите во „црвено-црниот“ табор околу постигнувањето на голови. Стартот му е добар!

ПретходноРаботнички се пофали со дефанзивец од Холандија кој некогаш бил дел од младинскиот тим на Лестер!
СледноКонечно на “СПЕЦИЈАЛНИОТ“ ќе му се оствари најголемата желба!