ПМФЛ: Хет-трик на Садик, Тиквеш застана на ШЕСТ против Шкупи!

142

Очекувано, лесно, убедливо со 0:6. Ова е накусо она што може да се каже за победата на Тиквеш попладнево во меч од 17.коло во ПМФЛ или во прворо пролетно коло. Шкупи како домаќин во Кавадарци едноставно немаше шанси против разиграниот “гостински“ тим на Борче Христов.

Посебно ако се знае дека чаирчани кои веќе се отпишани и во следната сезона ќе играат во ВМФЛ, денеска мечот го започнаа со девет младинци воп стартниот состав.

Па така прашање беше само со колкава разлика Тиквеш ќе го добие овој меч, и го доби со 0:6.

Веќе во 9.минута Садик го постигна својот прв гол за 1:0. Следуваше голот на Стојкоски во 20.минута за 2:0 или 0:2. Три минути подоцна Тасев зголеми на 0:3, а Голубов во 45.минута погоди за 0:4, ова беше негов деби гол за кавадаречкиот прволигаш.

Со тој резултат се замина на пауза.

Во второто полувреме Садик беше стрелец на уште два гола за конечни 0:6.

Се чини дека Тиквеш да сакаше ќе постигнеше уште некој гол.

ПретходноПМФЛ: Шкендија покажа зошто е шампион! (ВИДЕО)
СледноАјдоган и Лазаревиќ се нови „лавови“!