Завршија првите полувремиња од првите два меча од првото пролетно коло или 17. во тековната сезона во ПМФЛ.
Во супер – дербито кое се игра под Шара, Шкендија беше подобра, имаше неколку шанси, но сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0.
Струга ТЛ преку Алији прва се закани, но како што одминуваше времето, домашните ја преземаа инцијативата и се редеа шансите пред голот на гостите. Љатифи се обиде од лево но непрецизно, потоа Трумчи упати силен удар од далечина, но голманот на Струга ТЛ одново беше на место. Во последните две минути три големи шанси за Шкендија. Прво Тамба од десно шутираше, но таа топка беше боликирана во корнер. Од корнерот Мелиќи со глава шутираше, но Ангелети среќно одбрани, за да потоа уште една шанса за тетовци, но гол нема па нема.
Во Кавадарци гостинот Тиквеш води со 0:4 против младинскиот состав на Шкупи. Садик уште во 9.минута носи водство, прв пролетен гол во ПМФЛ. Потоа се редеа головите на Стојкоски (20.), Тасев (23.) и на дебитантот Голубов за 0:4 (45.).















