Работнички се пофали со дефанзивец од Холандија кој некогаш бил дел од младинскиот тим на Лестер!

44
ФОТО:facebook.com/fcrabotnicki

Работнички не претстанува со ангажман на нови играчи. Од денеска и официјално клубот од Дебар Маало е засилен со стопер од Холандија. Станува збор за Џастин Крантове (25), кој би требало да го зголеми изборот во одбраната на стратегот Муарем Муарем.

Крантове е роден во Холандија, но потекнува од Суринам. Во Скопје доаѓа од Тренчин, а досега играл во клубови од Холандија, Словачка, Чешка. Интересно е тоа што во извесен период од својата кариера бил дел од младинскиот тим на Лестер.

ПретходноМусовски е во Скопје, дојде по пасош за да игра за Македонија!
СледноНдзенгуе од авион на стадион и одма даде гол за Шкендија!