Супер-лигата во забрзано темпо!

68

Денеска стартува 20. коло во Супер-лигата, на програмата се два меча. На првиот натпревар Вардар 1961 му гостува на Бутел Скопје во скопското дерби. „Црвено-црните“ се фаворити во оваа пресметка, лидери се на табелата со 36 бода, четири повеќе од директниот конкурент Пелистер и ќе сакаат да ја одржат оваа предност. На другата страна Бутел Скопје е шести на табелата и главна цел е да влезе во плеј-офот. Мечот е закажан со почеток во 18 часот.

На вториот меч, Куманово го пречекува ГРК Охрид, дуелот стартува во 19 часот. И тука е јасен победникот, охриѓани направија и вложија големи средства за високи дострели.

 

ПретходноСрбите сонуваат за „чудото Вардар“, Раул Гозналес на клупата на Партизан
СледноКими Антонели имал сообраќајна несреќа!