Јамал: “Да не сум славен еден ден, веднаш би го направил ова….!“

91
ФОТО: FC Barselona/X

Иако има само 18 години, Ламине Јамал е мега – ѕвезда и не само во фудбалот. Според сите прогнози тој е легитимниот наследник на Лео Меси. Она што досега офанзивецот на Барса го има направено, тоа ниту еден друг во светот на фудбалот го нема во негова возраст, па ни Пеле, ни Марадона, ни Меси.
Неговиот живот целосно се промени по дебито за Барселона, а денес Ламине Јамал е без сомнение еден од најдобрите и најпопуларните фудбалери во светот. Секако, покрај популарноста, тој заработува и многу пари, а им овозможи на своите родители да живеат поудобно откако мораа да работат на повеќе работни места за да го прехранат своето семејство.
Јамал се обидува да остане на земја со двете нозе и не дозволува славата премногу да го промени, најмногу благодарение на неговата баба Фатима, која се грижи Ламине „да не полета“.

Пред неколку дена, тој даде интервју во кое зборуваше за својот приватен живот, а едно прашање особено се издвои. Го прашале што би направил ако не е познат ниту еден ден, а Јамал го „испукал“ одговорот како од топ.
„Ако можам да престанам да бидам познат само еден ден, прво би отишол во ресторан на појадок, потоа би играл фудбал на терен како оној во Рокафонда, а потоа би се возел со моите пријатели на велосипед или скутер. Вообичаени работи“, рекол Јамал.

ПретходноПоглед од „кај гулабите“ на Суперболот од 3.000 евра
СледноПМФЛ: Шкендија покажа зошто е шампион! (ВИДЕО)