Јетон Беќири: Шкендија против Струга ТЛ оди на победа, очекувам да се радуваме пред нашите фанови!

53

Како и за сите други екипи, заврши паузата и за шампионот Шкендија, и сега уште на стартот од пролетниот дел следува домашен натпревар против Струга Трим Лум.

Тетовските „црвено-црни“ поминаа подготвителен период во Анталија, Турција каде што преку тренинзи и пријателски мечеви ја „билдаа“ формата за атак кон одбрана на титулата во домашниот шампионат.

Тренерот Јетон Беќири е задоволен од сработеното на подготовките, и вели дека екипата е подготвена за предизвиците во пролетниот дел, со надеж дека тимот добро ќе ја почне втората полусезона.

Подготовките ги оценувам позитивно. Единствено времето во Анталија беше лошо во текот на целиот престој, но тоа беше пречка за сите тимови кои се подготвуваа таму. Важно е што ги одигравме сите четири предвидени пријателски натпревари. Нашата цел беше да им дадеме минути на сите играчи и да нема повреди. Задоволен сум од напредокот на тимот, мислам дека сме во добра форма и се надевам дека првенството ќе го почнеме добро.Тимот е подготвен. Немаше многу промени во екипата. Верувам дека тимот е комплетен и подготвен да одговори на првенствените, Куп и европските натпревари. Секој натпревар за нас во пролетниот дел е важен, и верувам дека добро ќе одговориме на секој предизвик“, изјави Беќири.

За првиот натпревар, и тоа денеска (14 ч), на свој терен против Струга ТЛ, Беќири очекува неизвесно и квалитетно дербу:

Одиграа квалитетно во есенскиот дел, и беа ми се чини најдобрата екипа по квалитет. За нас е некој нов почеток, ќе дадеме се од себе да се радуваме пред нашите симпатизери. Секако дека ги анализиравме, играат добро, некои играчи играат заедно и навистина очекувам да видиме убав и тврд натпревар“, рече Беќири, кој е некогашен стратег на стружани.

ПретходноСтрашно: Фудбалер убиен од својот брат!
СледноЖестока тепачка во НБА – полиција мораше да влезе на терен (ВИДЕО)