Ајдоган и Лазаревиќ се нови „лавови“!

154

Сепак Македонија ЃП успеа да ангажира нови имиња оваа зима. Тоа се интернационалецот од Турција, Огузјан Ајдоган и искусниот дефанзивец Стефан Лазаревиќ.

Двајцата и тоа како добро ќе му дојдат на стратегот Боби Божиновски ако се знае дека МЃП оваа пролет ја чека тешка битка за опстанок.

Ајдоган претходно играше за Гостивар и Башкими, а минатата сезона важеше за еден од најдобрите играчи за врска во ПМФЛ, посебно е квалитетно засилување. Има играно и за познати клубови во Германија и Турција.

Лазаревиќ повторно го облече дресот на својот матичен клуб, во минато беше дел од повеќе клубови во првата и втората лига на Македонија.

ПретходноПМФЛ: Хет-трик на Садик, Тиквеш застана на ШЕСТ против Шкупи!
СледноЗОИ 2026: Сензација, Шифрин и Џонсон останаа без медал!