Без изненадување во Скопје, Вардар експрес низ Бутел

122

Вардар 1961 дојде до 19 победа оваа сезона во Супер-лигата, откако на гостувањето кај Бутел Скопје славеше со 23-34. После 20-то коло „црвено-црните“ имаат само еден пораз, и натаму се на врвот на табелата.

Избраниците на Иван Чупиќ одиграа одлично во првото полувреме во кое беа подобри со 20-12. Во вториот дел со голот на Малус во 39-та минута за првпат поведоа со двоцифрена разлика (14-24), позитива која беше лесно да се одржи до самиот крај.

Лидер кај гостите беше Малус со девет гола од десет обиди, на другата страна Ѓеоргиевски имаше седум погодоци.

За Бутел Скопје ова беше 9-ти пораз, има девет победи и две ремија.

ПретходноНеверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!
СледноКатерина Ацевска освои злато на Џенова Гран При во Џиу-Џица