Елмас сигурен пеналџија, Комо го елиминираше Наполи од купот

72
фото: Calcio Como (X)

Екипата на Комо го исфрли Наполи од Копа Италија откако славеше во пенал-серијата. Во регуларните 90 минути двете екипи ремизираа со 1:1. Нашиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот натпревар и постигна навистина убав погодок во пенал-серијата.

Комо поведе со гол од пенал на Мартин Батурина во 39-тата минута. Во вториот дел Вергара донесе експресно изедначување за Наполи во 46-тата минута. Пенал-серијата траеше до 8-мата серија кога Кемф го погоди својот пенал, а Станислав Лоботка не успеа да постигне гол.

ПретходноМанчестер Јунајтед едвај спаси бод против храбриот Вест Хем