Жестока тепачка во НБА – полиција мораше да влезе на терен (ВИДЕО)

1007

Натпреварот помеѓу Детроит Пистонс и Шарлот Хорнетс нема да биде запаметен по крајниот резултат, туку по жестока тепачка на теренот што резултираше со четири исклучувања. Диабате и Мајлс Бриџис беа исклучени за Шарлот, а Дурен и Стјуарт за Детроит.

Тренерот на Хорнетс, Чарлс Ли, беше исклучен во четвртата четвртина откако беше спречен од соиграчите да се упати кон сидијата. Пистонс на крајот победија со 110-104.

Дурен ја имаше топката и се упатуваше кон кошот со нешто повеќе од седум минути до крајот на третата четвртина кога беше фаулиран од Диабате. Потоа Дурен се сврте кон Диабате, а двајцата се сретнаа лице в лице, и тука почна хаосот. Дурен го удри Диабате во лицето со отворената десна рака, започнувајќи тепачка што траеше повеќе од 30 секунди и на крајот доведе до кратко присуство на полицијата на теренот.

ПретходноЈетон Беќири: Шкендија против Струга ТЛ оди на победа, очекувам да се радуваме пред нашите фанови!
СледноЈокиќ ита кон рекордот, трет трипл-дабл во низа за Србинот (ВИДЕО)