Капитенот Барди пред ждрепката во ЛН: Предизвик што го заслуживме!

161

Оваа седмица носи важен момент за македонскиот репрезентативен фудбал, ждрепката за новото издание на Лигата на нации, која ќе се одржи во Брисел. Националниот тим на Македонија, предводен од селекторот Гоце Седлоски, за првпат ќе биде дел од Лига Б, чекор што го потврдува нашиот квалитет и резултатите од претходниот циклус во натпреварувањето.

Извлекувањето е закажано за в четврток од 18:00 часот, а македонската А репрезентација ќе ја чека ждрепката од четвртиот шешир во Б сегментот. Македонија нема да може да се соочи со Шведска, Северна Ирска и Косово.

Лига Б:
Прв шешир: 

Шкотска, Унгарија, Полска, Израел
Втор шешир: 
Швајцарија, БиХ, Австрија, Украина
Трет шешир: 
Словенија, Грузија, Р. Ирска, Романија
Четврти шешир:
Шведска, 
Македонија, Северна Ирска, Косово

Капитенот Енис Барди потенцира дека настапот во повисок ранг е последица на игрите прикажани во Лига Ц.

Самите се доведовме во позиција да играме во поквалитетен сегмент. Го заслуживме тоа со прикажаното на натпреварите од Ц сегментот. Лига Б носи силна конкуренција, но токму тоа е предизвикот. Без разлика кој ќе ни биде противник, мора да бидеме подготвени и физички и ментално, да го држиме високиот ритам на секој натпревар“, истакна Барди.

Капитенот додаде дека репрезентацијата гледа на овој циклус како на нова можност за докажување.

Има противници со кои досега не сме се сретнале, како Швајцарија. Ова е нова шанса за сите нас, со поинаква енергија и силен мотив да покажеме дека припаѓаме на ова ниво и да се бориме за позитивен резултат. Конкуренцијата е навистина силна, ама веруваме во нашиот квалитет и сеедно против кого ќе се соочиме во групата, треба да ги одиграме тие натпревари во таков, силен ритам.“

ПретходноКими Антонели имал сообраќајна несреќа!
СледноРио Фердинанд поради болки во грбот користи инвалидска количка