Катерина Ацевска освои злато на Џенова Гран При во Џиу-Џица

40
фото: Клуб за боречки вештини "Дан-Кју" (FB)

Вчера во Џенова, Италија, македонската репрезентативка во Џиу-Џица, катерина Ацевска со три победи успеа да го освои златниот медал на силниот Гранд При турнир за сениори.

Како најдобро рангиран борец, Катерина во својата категоријата во првото коло беше слободна, а во второто коло се бореше со противник од Италија и го победи со Фул ипон иако и во регуларниот дел беше 15-1.

Во финалето Ацевска имаше противничка од Полска, мечот беше малку потежок, но сепак Кате победи со 16-7 и го освои златниот медал. Со ова прво место, Ацевска освои многу важни бодови за Светската ранг листа, каде полека го напаѓа третото место.

ПретходноБез изненадување во Скопје, Вардар експрес низ Бутел
СледноАрсими донесе играч за врска од Шпанија