Голгетер од Америка ќе ја засили репрезентацијата на Македонија откако искусниот Дени Мусовски прифати да го облече дресот на земјата од која потекнува неговата фамилија. Фудбалерот на Сиетл Сандерс е во Скопје и ја почна итната постапка за добивање на пасош по „потекло“ со што ќе има право за настап за башиот национален тим. Тој го искористи моментот, додека неговиот клуб е на подготовки во Европа, да долета во Скопје и да ја заврши потребната административна процедура по која следи барање до ФИФА а потоа и се надеваме на позитивен одговор по кој Мосовски ќе се стекне за право за настап. Временскиот интервал е кус но шансите да бидеме со Дени Мусовски на бараж средбата со Данска на 26 март во Копенхаген се големи.
Овој голгетер минатата сезона во дресот на Сиетл постигна 16 голови на 34 средби, што беше најуспешна во неговата играчка кариера низ кои ги бранеше боите на Реал Солт Лејк, Лас Вегас, Лос Анџелес и Рено. Тој има 30 години и е гласичен центарфор чија што вредност изнесува 2,4 милиони евра. Вториот „американец“, за кој имавме интерес е Милан Илоски, но тој одби да игра за Македонија.










