Поддршката носи успех: Милијана Релиќ со нов бронзен медал

36

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за настапите на македонската таеквондистка Милијана Релиќ на меѓународната сцена. Таа го освои третото место и се закити со бронзен медал на турнирот Австрија Г-1 Опен во Инсбрук.

Македонската олимпијка продолжува со успесите надвор од земјата. Викендов, Милијана Релиќ го освои третото место и се закити со бронзен медал на еден од најстарите и најреномирани таеквондо турнири во Европа – Австрија Г-1 Опен, кој се одржа во Инсбрук.

Настапувајќи во категорија до 62 килограми, Релиќ ја потврди одличната форма, надоврзувајќи се на бронзениот медал освоен минатиот викенд на Фуџарија Г-2 Опен во Обединетите Арапски Емирати.

Видеолотарија уште во 2025 го препозна нејзиниот потенцијал и обезбеди поддршка за нејзините меѓународни натпреварувања.

Со оваа поддршка, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон развојот на спортот и континуираната поддршка на македонските спортисти во нивните настапи на меѓународната сцена.

ПретходноСе огласи кошаркарот кој прв ја започна тепачката
СледноЗгасна најфудбалскиот град – Победа се откажа од Втората лига!