Челзи прокоцка 2:0, Палмер се „изрезили“, Тотенхем како Титаник (ВИДЕО)

152
фото: Leeds United @LUFC (X)

Тотенхем тоне ли тоне во Премиерлигата и сега веќе му се заканува и борба за опстанок. вечерва на домашен терен, лондончани беа поразени од Њукасл со 1:2 и со тоа го забележаа единаесеттиот пораз сезонава кој ги спушти дури на 16. место на табелата, затоа што Лидс успеа да украде еден бод на „Стемфорд Бриџ“ и да ги мине Спарс на премиерлигашката табела.

Челзи иако имаше комотна предност од 2:0, не успеа да дојде до победа на домашен терен против жилавиот Лидс. Гостите успеаја за само 5 минути со гол од пенал на Нмеча и од игра на Окафор да ги анулираат оние 2:0 кои „сините“ ги добија со головоте на Жоао Педро и на Кол Палмер од пенал. Кол Палмер се посрамоти откако во 94. минута промаши празен гол за победа.

Победа со пресврт направи и Бормут, кој славеше во Ливерпул против Евертон со 1:2.

ПретходноЈакимовски и Тренто со нова победа во Еврокупот
СледноЛоши вести за Реал: Белингем во „аут“ уште два месеци?