Андреас Трајковски осми на митингот во Белград! (ВИДЕО)

42

Андреас Трајковски заврши на 8-то место на митингот од Златната серија на митинзи под капата на Светска Атлетика кој се одржа во Белград (Србија). Најдобриот скок на Андреас беше уште во првата серија со скок од 7.65 метри. Андреас имаше одличен скок (погледнете го видеото) во 3-та серија, можеби некаде околу 7.90 метри но направи многу мал престап.

Инаку за првата позиција се водеше интересна битка помеѓу Божидар Сарабујуков од Бугарија и Милтош Тентоглу од Грција, но сепак на крај многу поуспешен беше Божидар кој прескокна извонредни 8 метри и 45 сантиметри што редставува најдобар скок во овој момент во светот и нов бугарски рекорд. Милтош го освои 2-то место со скок од 8.27 метри, додека третопласиран беше Кареј Меклеод од Јамајка со скок од 8.22 метри.

ПретходноХанси Флик со изјава за паметење: „Прашајте го Реал Мадрид!“
СледноОд сабота до вторник: Ова е распоредот на мечевите од 18.коло во ПМФЛ!