Откако денеска на стартот на пролетниот дел Арсими беше декласиран со 5:1 на гостувањето кај Вардар, клубот од Чегране вечерва се пофали дека успеал да го ангажира Фатјон Јусуфи (30).
Јусуфи е искусен прволигашки фудбалер кој доаѓа од Феризај. Роден е во Тетово а го носел дресот на Ренова, Партизани, Ширак, Шкупи, Струга ТЛ, Гостивар, Воска…
Јасно е дека по заминувањето на Шефит Шефити и Леонид Игњатов, раководството на Арсими мораше да реагира на трансфер – пазарот.















