Фудбалерите на Лацио се последните учесници во полуфиналето на Купот на Италија.
Вечерва, како гости во четвртфиналниот натпревар, го победија бранителот на титулата Болоња по подобро изведување на пенали и во борбата за финалето имаат двомеч против Аталанта.
По 90 минути беше 1:1, а Лацио победи со 4:1 во изведувањето на пенали.Другиот полуфинален пар го сочинуваат Интер и Комо.
Болоња беше подобра и поконкретна во првото полувреме, голманот Иван Поведел го спаси Лацио во неколку наврати со одлични интервенции, но капитулираше во 30-тата минута.
Потоа Никола Моро центрираше од корнерот од левата страна, а аргентинскиот централен напаѓач Сантијаго Кастро им избега на редарите и ја затресе мрежата со глава од пет метри, за 1:0.
Маурицио Сари реагираше, внесувајќи го Нослин на местото на искусниот Педро во обид да го размрда својот тим и тоа се покажа како брилијантен потег.
Беше 48-та минута кога Адам Марушиќ испрати совршен пас кон десната страна за Деле-Баширу, кој „забрза“ во свој стил, а потоа го проигра Нослин, кој немаше потешкотии да постигне гол од идеална позиција, за 1:1.
Овој резултат остана важечки до крајот на регуларните 90 минути, па започна изведувањето на пенали, а таму гостите беа поуспешни.
Дома Меѓународен фудбал Италија Купот на Италија ќе добие нов победник, Лацио на пенали славеше кај...










