Матиќ: Го почитуваме Арисими! Ислами: Да покажеме карактер против Вардар!

254

Есенскиот лидер Вардар го стартува вториот дел од првенството со домашен натпревар против Арсими. Целта е јасна – триумф, затоа што само така „црвено-црните“ можат да ја задржат позицијата што ја имаат, највисоко на врвот пред конкурентите.

Дефанзивецот Мислав Матиќ вели дека Вардар нема да го потцени Арсими и дека тимот е подготвен за квалитетен натпревар и освојување на три бода.

„Еве конечно започнува пролетниот дел од сезоната. Играме против Арсими, а преку анализата видовме дека се многу непријатен противник кој може да изненади со контранапади. Но, ние сме фокусирани на нашата игра, напорно работевме и се подготвувавме за овој дел од сезоната, со цел да започнеме што е можно подобро, а тоа, секако, е победа. Се разбира, го почитуваме Арсими и нема место за потценување. Ќе дадеме сè од себе за да ја отвориме полусезоната во позитивно светло, да оствариме победа и да продолжиме каде што застанавме – чекор по чекор кон целта“, изјави Матиќ.

Во пресрет на натпреварот кое ќе се одигра во Скопје, екипата на Арсими се подготвува за еден од најважните предизвици во сезоната.

Еден од капитените на тимот, Вулнет Ислами, ги сподели очекувањата и ја потврди високата амбиција на клубот пред пресметката со лидерот на табелата.

“Не очекува многу тежок натпревар против противник со големо име и традиција како Вардар. Свесни сме за нивниот квалитет, но истовремено силно веруваме и во нашата екипна сила. Во текот на неделата работевме напорно, со максимална концентрација, и ќе излеземе на теренот да го дадеме својот максимум”, изјави Ислами.

Капитенот, потенцира дека клучот за успех е во континуитетот и менталната сила на тимот.

“Секој натпревар за нас е важен. Нашата цел е да покажеме карактер, дисциплина и борбен дух, не само против Вардар, туку и во продолжението на шампионатот. Сакаме да напредуваме од натпревар во натпревар и да изградиме позитивна серија која ќе го држи тимот на вистинскиот пат”, додаде тој.

Натпреварот меѓу Вардар и Арсими се игра од 13 часот на комплексот на ФФМ.

ПретходноПМФЛ: Вардар тргнува по титулата,Силекс го дочекува Башкими
СледноВо Ѓорче е бурно: Дојде шпиц кој играл за Марибор, се чека и стоперот Хамзиќ