Од сабота до вторник: Ова е распоредот на мечевите од 18.коло во ПМФЛ!

314
ФОТО: FFM.MK

Иако останува да се одиграат уште два меча од првото пролетно или 17.коло во тековната сезона, се знае и распоредот или термините за одигрување на сите шест средби од 18.коло.

Ќе се игра од сабота до вторник, значи ова коло ќе се игра четири дена.

Во сабота од 13 часот Шкендија му гостува на Тиквеш, и тоа поради фактот дека во четврток (19 февруари), тетовци го играат првиот меч од нокаут фазата во плеј – офот во ЛК против Самсунспор.

Дерби на ова 18.коло е мечот во Струга каде играат Струга ТЛ и Силекс, а Вардар му “гостува“ на Работнички.

РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИТЕ ОД 18.КОЛО

САБОТА (14.02.2026)

Кавадарци: Тиквеш – Шкендија (13 Ч)

НЕДЕЛА (15.02.2026)

Струга: Струга ТЛ – Силекс (14 Ч)

Скопје: Работнички – Вардар (13 Ч)

ПОНЕДЕЛНИК (16.02.2026)

Гостивар: Арсими – Брера (14 Ч)

Скопје: Македонија ЃП – Шкупи (13 Ч)

ВТОРНИК (17.02.2026)

Куманово: Башкими – Пелистер (14 Ч)

ПретходноАндреас Трајковски осми на митингот во Белград! (ВИДЕО)
СледноСити за 15 минути го “скрши“ Фулам и сега е на -3 од Арсенал, ветеранот Милнер испиша историја! (ФОТО)