Пелистер “експрес“, Пролет испушти победа, Прилеп го “реши“ Тиквеш!

177
ФОТО:facebook.com/hceurofarmpelister

Покрај дуелот во Битола на кој Алкалоид го “скрши“ Пелистер 2, вечерва во ракометната Суперлига се одиграа уште три меча од 20.коло. Шампионот, тимот на Пелистер го декласира домашниот состав на Радовиш со 17:42. Ова беше само полесен тренинг за битолчани кои сепак се пресилни за составот на Радовиш. Ова за нив беше победа бр.16 оваа сезона.

Кузмановски со 9 голови од исто толку обиди, потоа Хакбарт и Петар Атанасијевиќ стрелаа по седум пати, додека Брестовац имаше 9 одбрани.

Кај домашните најефикасен беше Јанковски со 4 голови.

Да кажеме дека десет месеци пауза, по повредата на лигаментите, во ростерот на шамионот беше и Цветан Кузманоски на денешниот меч, но сепак не настапи.

Вистинска драма во последната минута на средбата Пролет и Струга, меч кој на крајот заврши без победник 28:28. Домашните имаа предност од 4 голови во таа 43.минута, сепак не победија. Гостите од Струга во последната минута израмнија, а го имаа и последниот напад за победа, но сепак не успеаја во тоа. Квалитетен меч исполнет со возбудувања.

Палевски со 11 голови беше прв стрелец кај домашните, додека во таборот на Струга најефикасен беше Костов со 9 погодици.

Во Прилеп истоимениот домашен состав славеше убедлива победа против Тиквеш со 33:26. Домашните на стартот поведоа со 4:0, и во текот на целиот меч го имаа водството, за да на крајот победија и тоа убедливо.

ПретходноКонте: Ова не е добра сезона за судиите и за ВАР, факт е дека сите се жалат
СледноНорис најбрз на првите официјални тестирања во 2026!