Раководството на Пролет приреди убав гест пред почетокот на дуелот со Струга, со пригодни подароци испраќајќи ги во играчка пензија доскорешните ракометари на клубот, Доне Мајнов и Златко Даскалоски..jpg)
Мајнов повеќе од една деценија ги бранеше боите на Пролет, а од почетокот на оваа 2026 година ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб. Даскалоски, кој во кариерата бранеше за бројни македонски клубови, ги мина последните 18 месеци во Пролет, а во договор со управата тој остана во клубот, како тренер на голманите во првата екипа, но и за работа со чуварите на мрежата во младинските тимови на Пролет.
Подароците беа врачени од долгогодишниот претседател на РК Пролет, Душко Кадиевски, како и поомшниот тренер Петар Тотиќ, кој исто така долги години е дел од овој спортски колектив.










