Ужас: Нови хорор сцени на ЗОИ 2026! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

230
ФОТО:screenshot

По се она што се случи со Линдзи Вон, нови страшни, хорор сцени доаѓаат од ЗОИ 2026 во Милано и Кортина. Имено кинеската сноубордерка Лиу Џијају доживеа ужасен пад за време на натпреварот. Лиу го започна настапот со видлива самодоверба, но еден момент на невнимание беше фатален.
По слетувањето, таа ја изгуби рамнотежата, падна прво на рака и рамо, а потоа директно на глава.
Она што следеше ги загрижи сите присутни, кинеската натпреварувачка остана неподвижна на патеката, не можејќи да стане, што предизвика тишина на патеката.
Медицинскиот тим реагираше брзо, а организаторите веднаш го прекинаа натпреварот. Паузата траеше десет минути со цел да ѝ се помогне и да се обезбеди безбеден транспорт.
Поради сериозноста на ситуацијата, беше одлучено Лиу да биде итно префрлена во болница со хеликоптер за дополнителни тестови и медицински третман.

ПретходноИ Дон Флорентино се откажа од Суперлигата!
СледноАлкалоид рутински до убедлива победа во Битола!