Ханси Флик со изјава за паметење: „Прашајте го Реал Мадрид!“

168
ФОТО: FC Barselona/FB

Во пресрет на утрешниот меч од 1/2 финалето во Копа дел Реј, стратегот на Барселона Ханси Флик даде изјава која и тоа како ја “потресе“ Шпанија. Ете, и тоа се случи. Секогаш внимателниот Германец си дозволи себеси да се опушти во изјавите.

Тој најмногу беше во центарот на вниманието поради неговиот одговор на изјавата дека Купот на Кралот се омаловажува поради учеството на екипи од втората и третата лига.
„Прашајте го Реал Мадрид што мислат за тоа“, рече Флик кратко со насмевка, алудирајќи на фактот дека токму клубот од втора лига Албасете го исфрли тимот на Алваро Арбелоа, и продолжи:
„Мораме да покажеме почит кон секој учесник. Секој што се натпреварува за трофејот од Копа дел Реј не е таму случајно. Сега сме фокусирани само на Атлетико Мадрид и воопшто не размислувавме за трката за титулата со Реал. Знам дека би сакале да одговорам на повеќе прашања за тоа, но не ме интересира Реал Мадрид, само мојот тим и нашиот следен натпревар“, рече Флик.

ПретходноАрсими се засили со Фатјон Јусуфи! (ФОТО)
СледноАндреас Трајковски осми на митингот во Белград! (ВИДЕО)