Деби со хет-трик: Николов го однесе Радник во 1/4 финалето во Купот на БиХ!

224
ФОТО:facebook.com/FKRadnik1945

Каков меч, какво деби на Иван Николов за Радник Бијелина? Неверојатен! Имено Македонецот кој пред неколку дена направи трансфер во овој тим, попладнево во меч од 1/8 финалето на Купот на БиХ постигна хет – трик, па така беше најзаслужен за тие 5:1, за таа убедлива победа на тимот од Бијелина кој се пласира во следната фаза во Купот на БиХ.

Иван Николов првиот гол го постигна во 35.минута, потоа стрелаше и во 54.минута за 2:0, а петтиот беше исто така негов, и тоа во 90+1.минута.

Нема што, Радник Бијелина оваа зима доби екстра засилување во своите редови со Иван Николов.

ПретходноОпштина Прилеп: Пари од ФК Победа се трошеле по казина!
СледноРепрезентацијата до 16 години ќе гостува на Малта