Васоски предупреди пред Башкими: Мечевите после долга пауза се секогаш тешки

31

Силекс во првиот меч од пролетниот дел од сезоната го пречекува на свој терен тимот на Башкими. Кратовскиот тим ќе атакува на битка за излез во Европа, што е целта на оваа екипа, која во моментов е сигурна на четвртото место на табелата, меѓутоа доколку има можност сака да се вмеша и во битката за првите три позиции.

Шефот на стручниот штаб Александар Васоски, предупредува на внимателност на мечот со кумановскиот прволигаш, со оглед дека е прв после долгата пауза.

„Прво да кажам дека одработивме квалитетни подготовки во Кратово и во Анталија. Одигравме и неколку пријателски натпревари со цел да ја темпираме формата за пролетниот дел од сезоната. Што се однесува до играчкиот кадар, немаше многу промени, па затоа ќе немаме проблеми околу воиграноста. Што се однесува до натпреварот со Башкими, секогаш тие први натпревари после пауза може да бидат незгодни. Затоа ќе барам максимална внимателност и концентрација од моите играчи. Сметам дека сме подготвени за овој предизвик, и се надевам дека ќе се радуваме на победа на стартот од пролетниот дел“, изјави Васоски.

ПретходноВо Ѓорче е бурно: Дојде шпиц кој играл за Марибор, се чека и стоперот Хамзиќ
СледноСе бришат резултатите на Победа, Беласица најмногу добива