Во Ѓорче е бурно: Дојде шпиц кој играл за Марибор, се чека и стоперот Хамзиќ

267

Стеван Николиќ е новиот шпиц во Македонија Ѓ.П кој во текот на вчерашниот ден ја имаше и својата промоција меѓу „лавовите“. Станува збор за висок играч кој има 23 години и кој во младинските денови бил член на екипата на Марибор за кој има еден настап.

Во кариерата настапувал и за едкипите на Табор Сежана, Бело Брдо а во „Ѓорче“, доаѓа од екипата на Трајал Крушевац која се натпреварува во Втората лига на Србија. За тој клуб бележи 15 настапи а постигнал само еден гол.

Николиќ е третото засилување кое беше промовирано доцна синоќа во Македонија Ѓ,П од каде се пофалија и со турскиот фудбалер Ајдоган кој доаѓа од Башкими и Стефан Лазаревиќ кој настапуваше за Скопје.

Во текот на денот се очекува и на промоција на младиот стопер Малик Хамзиќ од Силекс.

Сепак во Македонија Ѓ,П нешто се мрдна од нула со оглед на тоа дека клубот долго беше заспан и без активности. Газдите најавија повлекување по финансискиот бродолом во минатата сезонма и многуте потрошени финансии за никаков успех. Бројните заминувања беа најава за фијаско, но сега се „скрпи“ тим кој достојно ќе се бори за честа на клубот во вториот дел од сезоната со Боби Божиновски како тренер и предводник од клупата.

ПретходноМатиќ: Го почитуваме Арисими! Ислами: Да покажеме карактер против Вардар!
СледноВасоски предупреди пред Башкими: Мечевите после долга пауза се секогаш тешки