Линдзи Вон и со трета операција, ова е нејзината порака…

178
ФОТО: Screenshot Instagram

Американската скијачка Линдзи Вон се огласи на социјалните мрежи по третата операција на коленото по ужасниот пад по спуст на ЗОИ. Линдзи Вон беше една од главните ѕвезди на Игрите во Кортина д’Ампецо, сите нетрпеливо го очекуваа нејзиниот настап, но заврши трагично. Сепак, настапот заврши со тежок пад.
Американката веднаш беше префрлена во болница каде што беше оперирана, по што следеше и втора, а денеска таа беше оперирана по третпат.

По операцијата се огласи на социјалните мрежи:
“Денес ја имав третата операција и беше успешна. Успехот денес има сосема поинакво значење отколку што имаше пред неколку дена. Напредувам и иако е бавно, знам дека ќе бидам добро. Благодарна сум на сите неверојатни медицински професионалци, пријатели, семејство кои беа тука за мене и на прекрасниот излив на љубов и поддршка од луѓе од целиот свет. Исто така, големи честитки до моите соиграчи и сите спортисти од Националниот тим на САД кои ме инспирираат и ми даваат нешто за кое да навивам“ напиша Линдзи Вон.

ПретходноАлкалоид рутински до убедлива победа во Битола!
СледноБарса без Рашфорд и Рафиња за куп-полуфиналето со Атлетико (М)