Никола Топиќ е вистинско чудо: Го победи ракот и постигна 29 поени за 24 часа

375

Српскиот кошаркар Никола Топиќ е на теренот само четири месеци откако му беше дијагностициран рак на тестисите. Тој беше подложен на хемотерапија и ја победи смртоносната болест, а сега за само 24 часа успеа да одигра два натпревари за Оклахома, што е секако одличен знак.

Откако постигна седум поени во својот прв натпревар против Сиукс Фолс, развојниот тим на Мајами, денот потоа беше уште подобар против истиот тим. Во победата на развојниот тим на Оклахома од 127:118, тој беше најдобриот играч во својот тим.

Никола Топиќ постигна 22 поени за 20 минути на теренот, имаше четири асистенции, два скока и две украдени топки, шутирајќи 7-12 од поле. Тој погоди четири тројки од седум обиди.

Засега нема информации колку долго Оклахома ќе го користи Никола Топиќ во тимот за развој, а многу зависи од мислењето на докторот, но јасно е дека неговата намера е што поскоро да стигне до нивото на НБА и да му се стави на располагање на тренерот Мајк Дејно.

 

ПретходноИ ова го има во Франција: Ги молат навивачите да не фрлаат помфрит по играчите!
СледноНово чудо од Вембањама, одигра чудесен меч против Лејкерси (ВИДЕО)