ПМФЛ: Мрежите мируваа во Кратово, Силекс само со бод против Башкими!

96
ФОТО: FK Sileks/FB

Попаднево во Кратово, во меч од првото пролетно коло или 17.коло, Силекс и Башкими одиграа без голови, 0:0. Ова беше натпревар кој брзо ќе се заборави, без некој посебен ритам, на моменти и со многу нервоза. Па така и двете екипи мораа на крајот да се задоволат со по еден бод.

Тврд меч, на не така квалитетен терен, можеби желба имаше, но се чини и премногу тактика.

Секако дека овој бод повеќе му одговара на Башкими кој одигра сосема солидно, додека Силекс не воодушеви, напротив.

Веднаш се виде дека кратовци имаат намера и тоа како уште на почеток од средбата да наметнат офанзива. Сепак првата закана ја видовме на спротивната страна кога Алими од далечина во 14.минута се обиде да го изненади Џеков, но не успеа во тоа. Силекс првата шанса ја имаше преку Ефтимов во 26.минута, а две минути подоцна малку недостигаше да видиме супер, атрактивен гол кога Мемети се најде пред домапниот гол и се обиде со ножички да го загрози домашниот гол, но остана на обид.

Силекс не престануваше со атаците, следуваше обидот на Додев, но тој удар беше изблокиран од Мурати. Во овие моменти имаше нервоза на теренот, во два наврати имаше и мало кошкање меѓу играчите на двете страни, но ништо страшно. Судијата Илиоски ја имаше контролата на теренот.

Башкими во последните мигови од првиот дел можеше да дојде до водство. Кумановци изведоа брза контра, но Алексовски не се снајде најдобро па затоа на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Во второто полувреме иста слика на теренот. Силекс е тој што напаѓаше, што ја имаше иницијативата, но тоа беа јалови напади. Од друга страна Башкими добро се бранеше и од контри се обидуваше да го изненади домашниот голман Џеков. И за малку така и ќе беше кога Аворнио во 65.минута од 17-18 метри можеше и мораше подобро да реагира.

Во судиското продолжение домашните во шанса, но гостинскиот голман Јашар одлично одбрани.

На крајот од натпреварот тие почетни 0:0.

ПретходноВечните со дуел на отворањето: И МЗТ Скопје и Работнички најавуваат силно дерби
СледноТотенхем го отпушти Франк, се подготвува кам-бек на Покетино?