Сити за 15 минути го “скрши“ Фулам и сега е на -3 од Арсенал, ветеранот Милнер испиша историја! (ФОТО)

40
ФОТО:facebook.com/mancity/

И тоа како треба сите во Арсенал да се загрижат. Манчестер Сити од вечерва има само -3 бода во однос на “топџиите“ по вечерашниот триумф на Сити против Фулам со 3:0. Сега Арсенал има 53 бода, Арсенал 56. Сепак тимот на Микел Артета има и меч помалку.

На тимот на Пеп Гвардиола вечерва му беа потребни само 15 екстра минути за да дојде до победата и тоа од 24. до 39.минута. Прво Семењо донесе водство од 1:0, следуваше голот на О`Рајли за 2:0, а точка стави Халанд за 3:0. Се потоа беше само одработување на работата што се вели.

Нотингем Форест и Вулверхемптон одиграа 0:0.

Интересно беше во Бирмингем каде Астон Вила со 1:0 славеше против Брајтон, па така сега има 53 бода, -6 од Арсенал и -3 од Сити. Автогол со даде Хиншелхоф во 88.минута.

На овој меч ветеранот Џејмс Милнер испиша историја. Тој настапи во дресот на Брајтон, а ова му беше негов 653 меч во Премиерлигата со што го израмни рекордот на Герет Бери.

ПретходноОд сабота до вторник: Ова е распоредот на мечевите од 18.коло во ПМФЛ!
СледноКејн и Диас за пласман на Баерн во 1/2 финалето во Купот на Германија