Капитенот на младата репрезентација на Македонија за играчи до 17 години, Филип Цветковски, денеска го имаше своето прволигашко деби во дресот на Вардар. За негова среќа, Вардар денеска одигра одлично и успеа да слави со високи 5:1.
„Ова е нереално… Секогаш верував во себе и во своите можности, но ете не очекував дека толку бргу ќе дебитирам за Вардар во прволигашка конкуренцијата. Секако дека се гордеам со ова што ми се случува. Благодарност до сите што веруваат во мене. До тренерот Гоце Седоски, до стручниот штаб за укажаната шанса, до ФК Вардар што ми го оствари детскиот сон. Ме бодреа сите на терен, ме пофалија за одиграното во кабината. Ова е само почеток. Одлично што победивме на стартот на пролетниот дел, но Вардар има многу пред него пролетва. Одиме чекор по чекор до посакуваната цел…“, ни изјави младиот Цветковски.















