Муарем: Одиме во Битола да ги освоиме трите бода

97
ФОТО: ФК Работнички/FB

Тимот што дефинитивно потфрли во првиот дел од сезоната во Првата лига е Работнички. Освоени се само седум бода, што донесоа многу грижи и претпоследна позиција на табелата. Тоа придонесе за многу промени и во стручниот штаб и во играчкиот погон на клубот од Дебар Маало.

Муарем Муарем го презеде кормилото, а доведени се неколку нови засилувања, со кои Работнички треба да има поинаков изглед во пролетниот дел од шампионатот.

Со оглед на бодовното заостанување зад конкурентите за опстанок, на Работнички едноставно не му преостанува ништо друго – освен да атакува на победа и три бода на секој нареден меч.

Денешниот предизвик е Пелистер, гостување во Битола, кај еден од директните конкуренти за опстанок.

„Одиме на победа. Работнички и нема друг избор, тоа се гледа и според табелата. Но, има уште многу да се игра, а зимскиот преоден рок беше искористен за речиси комплетна реорганизација и во стручниот штаб и во играчкиот кадар. Подготвени сме за предизвикот, имаме респект кон Пелистер, но нам ни се потребни бодови и одиме во Битола да ги освоиме“, истакнува Муарем Муарем, новиот стратег на Работнички.

ПретходноАлаѓозовски: Mладите фудбалери секогаш имаат мотив да се докажуваат
СледноЖдрепка за Лигата на Нации: Македонија за првпат во Лига Б, сериозен тест на европскиот квалитет