Нено фантастичен, ама Макаби ја доби драмата! Перо му донесе среќа на Олимпијакос, тука беше и Новак! (ВИДЕО)

191
ФОТО: FC Bayern Basketball/X

Вечерва се одиграа неколку мечеви од 28.коло во Евролигата. Најинтересно беше во Тел – Авив каде силите ги одмерија Макаби и Баер Минхен, а еден од оние кошаркари кои го одбележаа овој дуел кој заврши во продолженијата со победа на Макаби од 111:106, беше нашиот Ненад Димитријевиќ.

Имено на 12 секунди до крајот при водство на домашните од 98:95, тој не само што постигна тројка туку врз него имаше и фаул и го погоди и слободното, па му донесе водство на тимот на Баерн од 98:99. Сепак домашните погодија од слободни едно во следниот напад и мечот отиде во продолженија, а таму Макаби беше подобар.

Нено на крајот запиша 15 поени, два скока и 10 асистенции. Сепак недоволно за победа на неговиот тим.

Во Пиреја пак Олимпијакос со 92:86 ја победи Ц.Звезда по голема борба. Интересно беше тоа што покрај паркетот во салата “Мир и Пријателство“ беше и нашиот Перо Антиќ кој играше и во двата клуба, за кој навива и за двата клуба. Медија тимот на Евролигата го „улови“ Перо, секако.

Исто така во салата беше и Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на сите времиња просто уживаше во феноменалната атмосфера на овој меч.

ПретходноГотово е: Влаховиќ се сели во Премиерлигата!
СледноРастодер со нов гол, Тун со убедлива победа против Лозана!