Папули и Адеми си заминаа од Скопје

248

Интензивниот преоден рок за екипата на Скопје во Втората македонска фудбалска лига донесе бројни нови засилувања, но во очекување на стартот на второлигашката пролет од Скопје си заминаа и две имиња. Како што потврдија од клубот, пријателски е завршена соработката со Јорго Папули и Арменд Адеми.

24-годишниот централен бек Папули и Адеми нема да бидат во тимот за вториот дел од сезоната. Скопје најави дека со бројните засилувања сериозно претендира на можност за пласман во Првата македонска фудбалска лига следната сезона.

ПретходноМаџари како дебитант ќe бара изненадување, Кожув реприза на ланското финале
СледноРајковиќ повеќе не е тренер на турски Тофаш