Растодер со нов гол, Тун со убедлива победа против Лозана!

104
ФОТО: FC Thun/FB

И дефинитивно Елмин Растодер се наоѓа во фантастична форма. Нов гол, деветти сезонава со кој му помогна на својот Тун во убедливата победа од 5:1 против Лозана. Тоа е таа Лозана која летоска го елиминира Вардар во квалификациите во Лигата на Конференции во 2.коло.

Македонскиот репрезентативец во 86.минута стрелаше за 4:1. Одличен настап, уште еден гол и секако победа за Тун кој е се поблиску до титулата во елитната лига на Швајцарија.

ПретходноНено фантастичен, ама Макаби ја доби драмата! Перо му донесе среќа на Олимпијакос, тука беше и Новак! (ВИДЕО)
СледноАтлетико Мадрид ја растури, ја згази, ја понижи Барселона и сега е на чекор до финалето во Копа дел Реј!