Вардар 1961 во продолжение ќе добие засилување кое беше предвидено да го облече дресот во следната сезона. Како што најави српски „Моцарт Спорт“, Вукашин Воркапиќ кој игра на крилната позиција се очекува во понеделник да пристигне во Скопје и да му се стави на располагање на тренер, Иван Чупиќ.
Причината за неговото порано доаѓање во редовите на Вардар 1961 се финансиските проблеми со кои се соочува Војводина. Тој овој викенд ќе го одигра последниот меч во дресот на српскиот тим, поточно против Динамо Панчево, а потоа ќе се пакува.
Воркапиќ беше дел од српската репрезентација на Европското првенство во Хернинг, десното крило одигра добар меч против Германија, постигнувајќи пет погодоци.










