Австрија ќе се засили со Чуквуемека за Мундијалот 2026?

34
фото: Aro10 @AroooBVB (X)

Австриската фудбалска федерација работи на обезбедување државјанство за 22-годишниот Карни Чуквуемека пред Светското првенство во 2026 година.

Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд играше за селекциите на Англија до 20 и 19 години кои го освоија Евро 2022. Сепак, фудбалерот сè уште не играл за сениорскиот тим на земјата.

Чуквуемека е роден во Ајзенштат од нигериски родители. Подоцна се преселил во Нортхемптон, станувајќи британски државјанин. Карни се откажа од своето австриско државјанство како дел од процесот, но може да му го вратат бидејќи одлуката е донесена во негово име кога бил малолетен.

Австрија во него гледа супер засилување за Мундијалот.

ПретходноГРК Охрид се подготвува за европски предизвик, Ѓукиќ порача: Сакаме полна сала!
СледноСрпски репрезентативец од понеделник доаѓа во Вардар 1961