Ана Цветановска настапи на ЗОИ, го освои 105-место во спринтот на 10 километри!

99

Македонската олимпијка Ана Цветановска настапи на Зимските Олимписки Игри. Таа во настапи во дисциплината крос-кантри спринт на 10 километри.

Во силна конкуренција, на кои беа пријавени 111 натпреварувачки, Цветановска заврши на 105. позиција , таа оствари време од 31:32.4. Ана го подобри својот резултат од зимските Олимписки игри во Пекинг 2022 за повеќе од 3 минути.
Од заостанување +11:51,40, денес таа стигна до целта со заостанување од +08:43,20.

За Ана ова се втори олимписки игри после Пекинг 2022 година.

Таа со настапот на денешната трка го завршува настапот на Зимските Олимписки Игри. Честите до нашата олимпијка и посакуваме голем успех во иднина, нека овие ЗОИ бидат уште поголем мотив и искуство за новите предизвици во нејзината кариера.

ПретходноTројца играчи од младинската школа на ФК Вардар потпишаа професионални договори
СледноПМФЛ: Без победник во Струмица, по бод за Брера и Македонија ЃП!