Интензивниот преоден рок за екипата на Скопје во Втората македонска фудбалска лига донесе бројни нови засилувања, но во очекување на стартот на второлигашката пролет од Скопје си заминаа и две имиња. Како што потврдија од клубот, пријателски е завршена соработката со Јорго Папули и Арменд Адеми.
24-годишниот централен бек Папули и Адеми нема да бидат во тимот за вториот дел од сезоната. Скопје најави дека со бројните засилувања сериозно претендира на можност за пласман во Првата македонска фудбалска лига следната сезона.










